среда, 6 мај 2026

Поранешниот командант на руската Северна флота: Курск потона бидејќи се судри со поморница на НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Попов во интервју за агенцијата РИА Новости кажа дека со веројатност од 90 отсто може да го каже името на НАТО подморницата, но дека нема докази за тоа.

Според него, подморницата на НАТО го следела Курск, но премногу му се доближила.

Попов тврди и дека и НАТО подморницата била оштетена во судирот со Курск и поради експлозијата на муницијата во руската подморница, но, која повторно можела да се придвижи, заминала во својата база.

Тој тврди и дека руската противподморничка авијација кај брегот на Норвешка ја нашла странската подморница која се судрила со Курск.

Истакна дека вежбата на Северната флота во август 2000 се одвивала и во неутрални води.

Според извештаите на одредени медиуми, во зоната во која била изведувана вежбата во време на несреќата биле нуклеарните подморници на американската морнарица Мемфис и Толедо, како и подморницата Сплендид на британската морнарица.

РИА Новости наведува дека руското министерство за одбрана побарало од Пентагон да ги прегледа подморниците Мемфис и Толедо, но дека тоа барање било одбиено и дека одговорот бил дека „сите подморници се во исправна состојба“.

Истиот договор бил добиен и од Лондон.

Курск потона на 12 август 2000, во Баренцовото Море, 175 километри од Североморск, на длабочина од 108 метри. Според официјалната верзија, несреќата е последица на експлозија на торпедо во подморницата и накнадна детонација на муницијата, за време на вежба на Северната флота. Загинаа сите 118 члена на екипажот на подморницата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ