среда, 6 мај 2026

Поранешниот грузиски претседател Сакашвили се согласи да го прекине штрајкот со глад по седум недели

Објавено на

часот

Сподели

Тој кажа дека Сакашвили се согласил да биде префрлен од затворска во воена болница.

Властите по упорните апели се согласија поранешниот претседател да биде префрлен во подобра болница за да добие подобра нега.

Поддржувачите на Сакашвили, кои одржаа неколку протести, се собраа денес пред парламентот во Тбилиси каде го осудија неговото апсење и побараа подобра здравствена нега.

На поранешниот претседател на Грузија неодамна му се слошило и паднал во несвест. Лекарите утврдиле дека има Верникеова енцефалопатија, активен невролошки проблем предизвикан од недостиг на витаминот Б.

Сакашвили, претседател на Грузија од 2004 до 2013 година, кој сè уште е популарен, се врати во земјата на 1 октомври по осумгодишен егзил.

Уапсен е по враќањето врз основа на пресуда од 2018 за злоупотреба на позицијата. Сакашвили, на кого му се судеше во отсуство, смета дека судењето е политички мотивирано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ