четврток, 23 април 2026

Порака од Доњецк: Украина изгуби, и тоа е само почетокот

Објавено на

часот

Сподели

„Ние совршено разбираме дека Киев сè уште не се откажал од намерата со сила да го реши конфликтот во Донбас, затоа сме подготвени за сите сценарија за развој на настаните. Во случај на потреба, имајќи ги предвид нашите сили и можности, спремни сме да одговориме не само со одбивање на агресивните акции на Украина, туку и да тргнеме во контраофанзива. Доколку Киев ги отфрли сите обиди за мирно решавање на конфликтот, едноставно нема да имаме друг избор“, кажа Пушилин.

Според него, Украина нема да може да постои како држава.

„Гледаме дека сега Украина, всушност, не ги поседува ни Крим ни Донбас. Ќе ви кажам дека тоа е само почетокот, бидејќи тој проблем кој постои во украинското општество само го влошува раздорот поради кратковидата законодавна активност. Сето тоа на крајот ќе доведе до тоа Украина едноставно да не може да постои како држава“, заклучи тој.

Пушилин ја исклучи можноста за враќање на Донбас и Крим под контрола на Киев. „Враќањето под контролата на Киев повеќе не е возможно под никои услови. По превратот во 2014 година тоа повеќе не е таа Украина. Тоа е нешто друго – некоја друга творба која не ѝ дозволува да постои како единствен државен простор. Во моментов гледаме движење во сосема друга насока – кон деградација и распаѓање“, кажа шефот на Доњецк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ