среда, 6 мај 2026

Полскиот премиер: Мигрантската криза е најлошиот обид за дестабилизација од Студената војна

Објавено на

часот

Сподели

„Белорускиот претседател Александар Лукашенко започна хибридна војна против ЕУ. Тоа е најлошиот обид за дестабилизација на Европа во последните 30 години. Полска нема да попушти пред уцените и ќе направи сè за да ги одбрани границите на ЕУ“, напиша Моравјецки на Твитер.

Полскиот премиер во текот на денот ќе се сретне со колегите од балтичките земји за да разговараат за мигрантската криза, а потоа следната недела ќе ги посети другите европски престолнини. Западот ја обвинува Белорусија дека ја оркестрира кризата носејќи мигранти од Блискиот Исток и пренесувајќи ги на границата со ЕУ, што Минск го негира.

Лукашенко за Би-би-си изјави дека е апсолутно можно неговите сили да им помогнале на мигрантите да преминат во Полска, но негираше дека биле поканети.

Во ексклузивното интервју во претседателската палата во Минск, тој рече: „Мислам дека тоа е апсолутно можно. Ние сме Словени. Имаме срца. Нашите сили знаат дека мигрантите одат во Германија. Можеби некој им помогнал. Јас нема ни да се занимавам со тоа“.

Но, тој негираше дека повикал илјадници мигранти да дојдат за да предизвикаат криза на границата.

„Им реков дека нема да задржувам мигранти на границата и ако продолжат да доаѓаат, повторно нема да ги спречувам, бидејќи тие не доаѓаат во мојата земја, тие одат во вашата. Тоа сакам да го кажам. Но, јас не ги повикав овде. И да бидам искрен, не сакам да минуваат низ Белорусија“, рече тој.

Иако постојат одредени индикации дека кризата донекаде се смирува, полските погранични чувари пријавиле нови обиди за илегални преминувања на границата, вклучително и една многу агресивна група од околу стотина мигранти.

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак изјави дека Белорусија ја сменила тактиката со испраќање помали групи мигранти на повеќе места на границата. Според полските медиуми, од почетокот на кризата летово животот го загубиле најмалку 11 мигранти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ