Министерот за одбрана Мариуш Блашчак изјави дека во операцијата биле вклучени повеќе од 900 полски војници и додаде дека се верува дека повеќето мигранти кои се обидуваат да преминат се од Ирак.
Полскиот заменик министер за внатрешни работи доцна во вторникот вечер на Твитер објави дека границата со Белорусија е запечатена и дека војниците биле таму една недела.
Полска, како и Литванија и другите балтички земји, го обвинуваат белорускиот претседател Александар Лукашенко дека испраќа мигранти преку нивните граници, кои воедно се и надворешна граница на Европската унија.
Тие го обвинуваат Лукашенко дека ги користи мигрантите како инструменти во „хибридна војна“ и дека неговата постапка е одговор на санкциите на ЕУ воведени против Белорусија по претседателските избори минатата година, кои Западот ги гледа како наместени. Литванија прва се соочи со голем број мигранти кои се обидуваат да влезат во земјата.






