Полските безбедносни сили употребија солзавец и водени топови во вторникот за да ги спречат мигрантите, кои фрлале камења врз нив, да ја преминат надворешната граница на Европската унија.
Неколку илјади мигранти, главно од Блискиот Исток, продолжуваат да кампуваат долж границата на белоруската страна. Западот постојано го обвинува Минск дека намерно предизвикува криза уште од летото, што белоруските власти го негираат.
„Ситуацијата на полско-белоруската граница нема брзо да се реши. Мора да се подготвиме за месеците, ако не и годините што доаѓаат“, рече министерот за одбрана Мариуш Блашчак.
Тој рече дека и оваа ноќ имало обиди за илегално преминување, а методот бил секогаш ист: помали групи мигранти истовремено се обидувале да ја преминат границата на повеќе места.
Вечерва, рече министерот, имало 161 обид за илегално преминување на границата, меѓу кои и „два насилни обиди“.
Во обид да се спречат мигрантите, повредени се девет полицајци, еден граничар и еден војник.






