петок, 24 април 2026

Полска: Отежнато враќањето на имотот на Евреите кој го одзеле нацистите или комунистичкиот режим

Објавено на

часот

Сподели

И покрај жестоките протести на Израел и апелот на САД да стави вето на законот, претседателот Дуда ги потпиша измените според кои 30 години од првичната одлука од одземањето повеќе не е возможно да се смени и да се врати имотот во управна постапка, туку само на суд.

„Уверен сум дека со мојот потпис завршува ерата на правен хаос, реприватизациските мафии, несигурноста на милиони Полјаци и непочитувањето на елементарните права на граѓаните на нашата земја“, соопшти Дуда дека на измените кои во јули ги усвои полскиот парламент Сејм не ставил вето туку потпис.

Измените за кои конзервативната полска влада на партијата Право и правда доби поддршка и од редовите на опозицијата беа предложени поради тоа што барањата да се поништат одлуките на нацистичките или комунистичките власти за одземање недвижности немале во управната постапка рок на застарување и ги следеле бројни злоупотреби.

Особено во Варшава цела реституциона мафија на адвокати трагала по предвоените сопственици на згради, го откупувала нивното право на враќање за ситни пари, а потоа во управна постапка ги добивала тие недвижности.

Претходно минатата година беа усвоени измени дека повеќе не може во управна постапка да се враќаат згради со станари но иако властите ветуваа Полска до денес е единствена во централна Европа која не донела генерален закон за реституција на недвижности.

„Категорично сум против врзување на тој закон за холокаустот. Полска нема да дозволи холокаустот да се користи како инструмент за политички цели. За време на Втората светска војна загинаа шест милиони граѓани на Полска. Речиси секое полско семејство загуби некој близок, а комунистичката национализација од крајот на 1940-тите ги погоди сите граѓани, без оглед на националноста или вероисповедта. Германските виновници за војната на Полска не ѝ платија никаква отштета“, потсети полскиот претседател.

Иако враќањето на одземениот имот за Евреите е и понатаму можно, но значително отежнато бидејќи мора да го бараат на суд, но не во едноставна управна постапка, од Израел и САД стигнаа жестоки осуди на измените на законот.

„Полскиот парламент усвои закон кој спречува враќање на еврејскиот имот или отштета на преживеаните на Холокаустот или нивните потомци. Тоа е директно и болно кршење на правата на жртвите на холокаустот. Ова не е првпат Полјаците да се обидуваат да негираат што се случувало во Полска за време на холокаустот. Никаков закон нема да ја смени историјата. Тоа е срам кој нема да ги избрише ѕверствата на холокаустот“, порача во јули шефот на израелската дипломатија Јаир Лапид.

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен го повика подоцна претседателот Дуда да стави вето на измените на законот.

„САД се длабоко вознемирени од тоа што Полска усвои закони кои драматично го отежнуваат процесот на реституција на неправедно запленетиот имот во време на комунистичка Полска. Апелираме претседателот Дуда да не го потпишува законот или да побара оценка на неговата уставност“, кажа Блинкен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ