Законот, кој неочекувано брзо помина низ парламентот во петокот, ги заострува правилата за странска сопственост на медиумите, што особено ќе влијае врз продолжувањето на работата на каналот ТВН24 кој е во сопственост на американската медиумска компанија Дискавери инк.
Предлог законот, кој допрва треба да го потпише претседателот Дуда, ги влоши односите меѓу Варшава и Вашингтон.
Ситуацијата отвори стравувања од напади врз медиумските слободи кои се во пораст откако минатата година државната нафтена компанија ПКН Орлен кажа дека го презема издавачот на регионалните весници во германска сопственост.
„Во овој момент зборуваме за ТВН, но не станува збор само за ТВН“, им кажа пратеникот Богдан Клич, член на најголемата опозициска партија Граѓанска платформа, на собраните во Краков. „Станува збор за иднината на слободата на говорот во Полска, за иднината на нашата демократија“.
Major protests taking place across Poland tonight against the controversial media law targeting the largest broadcasting group TVN, which – if signed into law by President Duda – would force its US owners Discovery Group to sell up because of new restrictions on non-EEA capital. https://t.co/A6sgq2NYUb
— Jakub Krupa (@JakubKrupa) December 19, 2021
Полицијата соопшти дека околу 800 луѓе учествувале во протестот во јужниот полски град, додека организаторите објавија бројка од 5.000 до 8.000.
Петицијата за поддршка на ТВН24 собрала повеќе од 800.000 потписи.
Владејачката партија Право и правда (ПиС) долго зборуваше дека странските медиумски групи имаат преголема моќ во земјата и ја искривуваат јавната расправа.
Критичарите тврдат дека чекорите против странските медиумски групи се дел од авторитарната програма која Варшава ја доведе во конфликт со Брисел, а сега и со Вашингтон.






