среда, 29 април 2026

Политички земјотрес во Грац, комунистите победија на изборите

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните резултати, врз основа на дел преброени гласови, КПО освои 29 отсто од гласовите, со што го презема првото место во тој град.

Инаку КПО само во Грац имаше свои кандидати, а на ниво на Австрија таа партија во последните децении не беше во состојба ни приближно да го стигне цензусот.

На второто место е Народната партија на Австрија (ОВП) со 26 отсто од гласовите, што е за 12 отсто помалку отколку на изборите во 2017 година.

На трето место се Зелените со 17 отсто од гласовите, а на четврто место Социјалдемократската партија (СПО) со 9,8 отсто.

Врз основа на овие резултати Елке Кар би можела да стане првата комунистичка градоначалничка во Австрија.

„Да бидам градоначалник не беше во моите животни планови“, кажа Кар во првата реакција и истакна дека може да замисли коалиција со Зелените и СПО.

Досегашниот градоначалник на Грац Зигфрид Нагл, кој управуваше со градот 18 години, кажа дека го боли најлошиот резултат кој неговата партија ОВП некогаш го остварила во тој град.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ