понеделник, 4 мај 2026

Полицајци во Сплит спасиле заплеткан делфин: „Најубав почеток на работниот ден“ (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Полициските службеници на станицата на поморската полиција во Сплит денес околу 10 часот во морето покрај јужната страна на островот Чиово, во сплитскиот канал, му помогнале на делфинот да се ослободи.

Добиле повик дека на делфин му треба помош и екипаж на поморската полиција кој бил во близина веднаш реагирал на добиената информација.

Наскоро во морето го забележале делфинот кој очигледно не можел слободно да плива бидејќи бил заплеткан во јажиња.

Со чамецот се приближиле до делфинот, го привлекле до работ на чамецот и го ослободиле од јажињата по што, благодарение на помошта на полицајците, самостојно отпливал, јави сплитската полиција.

Поморската полиција на Фејсбук напиша дека се навикнати на необични дојави во текот на целата година, но дека ова им бил најубавиот почеток на работниот ден и најубавата извршена работна задача досега.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ