недела, 3 мај 2026

По 15 години е објавена снимка од признанието на руски убиец: „Убив 61 лице“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Пичушкин, познат и како Манијакот од Бициевски, именуван по московскиот парк каде ги убивал жртвите, бил уапсен под обвинение за убиство на 49 лица. Истражителите имале докази, но тие самите не биле доволни за осуда. Убиецот тогаш се согласил да ги признае сите злосторства, но под услов да го стори тоа на прес-конференција.

Иследниците во притворот организирале лажна конференција на која имало камери и микрофони на телевизиски станици, но наместо новинари, присуствувале полицајци.

Пичушкин тогаш признал дека убил повеќе од 49 лица.

„Манијакот од Бичиевски, како што ме викаат, тоа сум јас. Всушност, јас извршив 61 убиство. Речиси сите се случија во паркот, едно беше надвор од паркот, во градот. Повеќето тела ги фрлив во канализациски отвор. Зошто ги убив? Не знам. Без тоа чувство не можев веќе да живеам. Што друго можев да правам? Да садам краставици? Да покажувам каква риба уловив?“ рече тој.

Иако бил убеден дека неговото признание е прикажано во живо на телевизиите, снимките се архивирани и со години се чувале подалеку од јавноста, објави руската НТВ.

На 24 октомври 2007 година, тој бил прогласен за виновен за 49 убиства и 3 обиди за убиство. Тој бил осуден на доживотен затвор.

Пичушкин им рекол на истражителите дека е голем љубител на шахот, па затоа ги замислил убиствата како еден вид шаховска партија. Секое убиство требало да покрие едно од 64 полиња на шаховската табла.

Сите жртви биле убиени со удар во тилот со тап предмет, повеќето од нив биле постари мажи. Пичушкин тврди дека за жртви избрал луѓе кои тврделе дека „се незадоволни од својот живот“.

Пичушкин ѝ предал на полицијата дневник со детали за секое убиство. Дневникот содржи и скица на шаховска табла, со три полиња кои останале непополнети.

Неговиот крвав поход траел 14 години. Тој ќе ги намамел жртвите во парк во предградието на Москва, ќе ги напиел и ќе ги убиел со чекан. Во неговиот стан била пронајдена шаховска табла на која ги бележел своите жртви.

Пред него како руски сериски убиец со најмногу жртви бил Андреј Чикатило, кој во 1994 година бил погубен за убиство на 53 тинејџери на југот на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ