„Великодушноста во победата не значи дека некому некогаш ќе му дозволиме да ја доведува во прашање легитимноста на Олуја, но одбранбениот карактер на татковинската војна. Тоа е пораката и до нашата соседна земја Србија, која требаше да ја напушти јаловата реторика на минатото, да се соочи со својата одговорност и да се сврти кон политика на помирување и иднината“, кажа Пленковиќ.
На централната свеченост по повод годишнината од Олуја кога во Хрватска се одбележува и Денот на победата и татковинската благодарност, Пленковиќ кажа дека татковинската војна и победата остварена во операцијата Олуја, а пред тоа во Блјесак и други операции, се темелите на современата хрватска држава.
„Денес им се оддава признавање на победничката хрватска војска и хрватската полиција кои под водството на претседателот (Фрањо) Туѓман на бојното поле ја поразија злосторничката политика на големосрпскиот режим на (Слободан) Милошевиќ, со што беше обезбеден опстанокот на Хрватска, завршена војната и воспоставен траен мир“, кажа Пленковиќ.






