Станува збор за маж и жена кои неодамна престојувале во град во провинцијата Хунан, каде се забележани повеќе случаи на зараза со делта сојот. Сите контакти на заразената двојка биле ставени во карантин.
Инаку, во средата во цела Кина се регистрирани 49 нови случаи, додека ден претходно се забележани 86 случаи.






