вторник, 5 мај 2026

Парламентот на Австрија го почнува укинувањето на имунитетот на Себастијан Курц

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителството за стопански криминал и корупција побара укинување на пратеничкиот имунитет на поранешниот канцелар поради истрагата во врска со измама и мито.

Одборот за укинување предложи укинување на имунитетот на Курц, а за тоа гласа и неговата ОВП, соопшти денес парламентот.

Тоа значи дека на седницата на парламентот во четврток ќе биде донесена одлука за укинување на пратеничкиот имунитет на Курц, по што обвинителството може да ја продолжи истрагата. Обвинителството води две истраги против Курц.

Првата е врзана за наводните лажни искази дадени пред парламентарниот истражен одбор во врска со корупциската афера Ибица.

Иако Курц на 3 септември по сослушувањето од страна на судија кажа дека сите обвинувања ги отфрлил, обвинителството побара негово предавање од парламентот.

Другата истрага се води во врска со обвинувањата за проневерување и мито, поради кои Курц мораше да поднесе оставка на местото шеф на владата.

Курц ја поздрави одлуката за укинување на пратеничкиот имунитет.

„Не можам да оценам што се случувало во 2016 година во министерството за финансии, но едно е јасно, а тоа е дека не сум извршил кривично дело, како што покажуваат и анализите на правните експерти, а тоа и ќе го докажам. Поради тоа ме радува што истрагата ќе може побрзо да напредува. Лажните обвинувања против мене можат брзо да се отфрлат“, напиша Курц во соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ