Еден од организаторите и учесниците на Парадата Бранко Ќулибрк порача дека голем проблем е неспособноста на властите да ги процесираат кршењата на законите кои се случуваат.
„Друго се социоекономските проблеми, како невработеноста и слично, тоа се нешта кои сакаме да ги смениме. Сакаме квалитетен живот, а не да сме малцинство кое нема еднакви права во општеството. Едно од нашите главни барања е да престане насилството кое секојдневно го живееме и преживуваме, едно од барањата е и закон за истополови партнерства“, кажа Ќулибрк.
[video:https://youtu.be/klQNIvl7sFQ autoplay:0]Кажа дека доста е до сега направено, бидејќи во последните 15 години се работело на тоа да се одржи Парадата на гордоста и работено е на закон за истополово партнерство кој е ставен во процедура.
Лејла Хуремовиќ, членка на организацискиот одбор на Парадата, кажа дека поради пандемијата на коронавирусот не дошле многу кои сакале.
„За жал, истражувањата покажуваат дека има многу кршења на правата, на работа, дома, во училиште и слично. Причините се разни за ваквите нешта, како на пример тоа што наставниците ѝ кажуваат на ученичка дека хомосексуалноста е болест. Факт е дека сме невидливи и затоа постои Парадата на гордоста. Излегуваме на улица да покажеме дека постоиме и дека љубовта секогаш победува“, кажа Хуремовиќ.
Во Сараево се одржува и контра-собир – „Протест на честа и гордоста“, во организација на Иницијатива исчекор и Босанската народна партија.
Upravo je započeo ‘Protest ponosa i časti’ u organizaciji Inicijative Iskorak i novoosnovane Bosanske narodne stranke – V.N.D. kao kontraprotest Povorci ponosa koja će danas biti održana u Sarajevu. @BIRN_BiH pic.twitter.com/lg3NeoXY1y
— Nermina Kuloglija (@NKuloglija) August 14, 2021
Зборувајќи за контра-собирот, Хуремовиќ кажа дека живеат во демократско општество каде постои можност секој да го искаже своето мислење, но без говор на омраза.






