петок, 24 април 2026

Остатоци од тела најдени на американскиот авион што го опколија очајни Авганистанци

Објавено на

часот

Сподели

„Остатоци од човечки тела беа најдени на тркалото на авионот Ц-17 кога слета во базата Ал Удеид во Катар. Авионот моментално е приземјен за да се соберат сите човечки останки и да биде детално пребаран пред повторно да полета“, рече портпаролката на воздухопловните сили на САД Ана Стефанек.

Функционер, кој сакаше да остане анонимен, за Гласот на Америка изјави дека постои можност да се најдат останки и на другите тркала на авионот.

Снимка од социјалните мрежи го покажува очајот на Авганистанците, кои трчаа пред американскиот воен авион и се качуваа на неговите тркала пред да полета.

Стефанек рече дека Канцеларијата на специјалниот истражител спроведува истрага за овој случај.

„Истрагата ќе биде темелна и треба да ги открие фактите во врска со трагичниот инцидент. Сочувство до семејствата на жртвите.“

Талибанците не ја попречуваат евакуацијата

Во меѓувреме, американската војска, која на аеродромот во Кабул обезбедува евакуација на дипломатите и Авганистанците што работеа за нив, е во контакт со талибанците.

„Немаше непријателски акции на талибанците кога станува збор за аеродромот“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Шефот на американската Централна команда, генералот Френк Мекензи, го посети аеродромот во Кабул и оцени дека е „обезбеден и отворен за цивилни летови според вообичаените правила за летање“.

„На состанокот со талибанците во Доха во неделата ги предупредив да не се мешаат во евакуацијата на нашиот персонал и им ставив до знаење дека одговорот на секој напад ќе биде насилен“, рече Мекензи.

До вторникот вечерта од Кабул беа евакуирани повеќе од 3.200 луѓе, вклучително и вработени во американската амбасада, Авганистанци и државјани на трети земји. Соединетите Држави во земјата ќе донесат близу 2.000 Авганистанци што работеа за нив.

Кирби рече дека армијата ќе продолжи со евакуација и дека, потенцијално, ќе може да евакуира меѓу пет и девет илјади луѓе дневно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ