Западните земји се подготвуваат да испратат војници во Кабил, за да помогнат при евакуацијата на амбасадите, но Обединетите нации тврдат дека нивните 320 службеници ќе останат во земјата.
„Се плашиме од најлошото и бранот глад брзо се наближува. Ситуацијата ги има сите ознаки на хуманитарна катастрофа“, изјави Томсон Пири од Светската програма за храна.
Од мај над 250.000 лица биле приморани да ги напуштат домовите, а 80 отсто се жени и деца, соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци, пренесува Ројтерс.






