вторник, 5 мај 2026

Одржан виртуелен самит на претседателите на САД и Кина

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател ја истакна потребата за заштитни мерки за да се избегне судир на двете земји додека Си Џинпинг се заложи за подобра комуникација, пренесоа утринава светските агенции.

Бајден кажа дека натпреварувањето на двете земји не би требало да прерасне во судир, а самитот е одржан поради спорот на Вашингтон и Пекинг околу Тајван, но и поради трговијата и прашањата на почитувањето на човековите права.

„Кина и САД мора да ги подобрат комуникацијата и соработката“, кажа Си кој додаде дека е „среќен што се сретнува со стариот пријател“, првпат преку видеолинк, откако претходните разговори беа преку телефон.

Средбата почна во 19:45 по вашингтонско време (00:45 по средноевропско време), изјави доцна синоќа портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Белата куќа најави дека очекувањата од средбата не се големи и дека не би требало да доведе до конкретни резултати.

Кинеската дипломатија вчера соопшти дека Си и Бајден ќе имаат „искрена, длабока и сеопфатна размена на ставови“ за билатералните односни, кои се на „критичен крстопат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ