петок, 24 април 2026

Од авганистанските телевизии ги снема водителките, ОН бараат нова влада со многу жени

Објавено на

часот

Сподели

15-члениот орган, чии членови денеска се состанаа за да разговараат за ситуацијата во Авганистан, повика и на итен прекин на непријателствата и кршење на човековите права.

Советот, исто така, побара на сите страни да им се даде итен, безбеден и непречен хуманитарен пристап.

Во исто време, водечките авганистански ТВ-станици продолжуваат да емитуваат програма, но со една голема разлика од периодот пред падот на Кабул во рацете на талибанците – водителките и презентерките исчезнаа од малите екрани, пренесува Би-би-си.

Во етерот на државната телевизија има сѐ повеќе позитивни коментари за талибанците.

Талибанските милитанти вчера дошле пред вратите на две новинарки во Кабул, јави Си-ен-ен, повикувајќи се на извор близок до новинарките.

Според тој извор, една од новинарките посетени од талибанците рекла: „Многу сум загрижена за мојата и безбедноста на моето семејство“.

Повеќе новинарки во последните денови добиле заканувачки повици од талибанците. Една позната новинарка во Кабул рече дека добила заканувачки повик од талибанците, кои ѝ рекле: „Доаѓаме многу скоро“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ