четврток, 7 мај 2026

Њујорк тајмс: Американците во воздушни напади убиле илјадници цивили

Објавено на

часот

Сподели

Угледниот американски весник својата анализа ја заснова на доверливи документи на Пентагон за повеќе од 1.300 напади со цивилни жртви и целосно го поткопува тврдењето за „чиста војна“ со прецизни војни.

Станува збор за напади со беспилотни летала врз џихадистички групи во Авганистан, Ирак и Сирија од 2014 година.

Иако неколку случаи за кои пишува Њујорк тајмс се веќе познати, весникот наведува дека признатиот број на цивилни жртви на американските воздушни напади е „драстично премал“.

Се истакнува дека за ниеден напад со цивилни жртви не е спроведена никаква „дисциплинска акција“.

Тајмс, на пример, пишува за напад на три наводни исламистички групи во северна Сирија. Првите извештаи јавиле за 85 убиени џихадисти. Во реалноста, биле убиени 120 селани.

Вториот пример е нападот на Рамади во ноември 2015 година, откако разузнавачите јавиле за „маж кој влече тежок предмет“ кон позициите на Исламска држава. „Тешкиот објект“, како што се покажало, било дете, кое било убиено во нападот.

Погрешните или фалични разузнавачки податоци често придонеле за смртоносните грешки, пишува њујоршкиот весник.

Неодамна американската војска морала да го повлече тврдењето дека во возило кое во август го уништиле со дрон во Кабул имало бомби. Станувало збор за десет члена на едно семејство, вклучувајќи деца.

На барањето за коментар, капетанот Бил Урбан, портпарол во централната американска команда, кажал дека грешки се случуваат и со најдобрата технологија во светот. „Без оглед дали станува збор за нецелосни информации или погрешни интерпретации на достапните информации, ние учиме од тие грешки. Посветено работиме да го избегнеме тоа и жалиме за секој невин живот“, кажал тој.

Американските воздушни напади во наведените земји станале значително почести во последните години од мандатот на поранешниот американски претседател Барак Обама бидејќи јавната поддршка на бесконечните американски војни на терен рапидно опаѓала.

Обама и Пентагон тврдеа тогаш дека користењето беспилотни летала претставува најпрецизна воздушна кампања во историјата и дека бројот на цивилните жртви ќе биде минимален.

Во петгодишниот период американските сили извршиле над 50.000 воздушни напади во Авганистан, Ирак и Сирија, но прецизноста била далеку од декларираната.

Во составувањето на извештајот новинарите на Њујорк тајмс посетиле повеќе од стотина места со цивилни жртви и разговарале со десетици преживеани. Документите, пак, ги добиле од Пентагон според законот за право на информирање од 2017 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ