четврток, 23 април 2026

Новиот ирански претседател: Ќе ги укинеме американските тирански санкции

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред три години го отфрли иранскиот нуклеарен договор со шест сили и повторно воведе санкции што ја уништија иранската економија.

„Ќе се обидеме да ги укинеме тиранските санкции што ги воведе Америка“, рече Раиси во телевизиски говор, додавајќи дека неговата влада ќе се обиде да ги подобри условите за живот на сите оние кои се под санкции. Раиси во четвртокот ја презема функцијата ирански претседател.

Иран и шест сили од април преговараат за заживување на нуклеарниот договор, но иранските и западните претставници рекоа дека има значителни проблеми. Шест состаноци, односно индиректни преговори меѓу Техеран и Вашингтон беа прекинати на 20 јуни, два дена откако Раиси беше избран за претседател. Страните вклучени во преговорите сè уште не објавија кога ќе бидат продолжени во Виена.

Врховниот лидер Ајатолахот Али Хамнеи го има последниот збор за сите државни прашања, така што го потврдува и претседателот. Раиси го наследи Хасан Рохани, кој на чело на земјата беше од 2013 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ