вторник, 21 април 2026

Новинар на Раша тудеј уапсен во Багдад и однесен на непозната локација

Објавено на

часот

Сподели

Дописникот, идентификуван како Ашраф Ал-Азави, наводно бил однесен на непозната локација од ирачките безбедносни сили под изговор дека му е истечена работната дозвола.

Арапската РТ објави дека, во телефонски разговор со новинарот, Ал-Азави рекол дека групата што го уапсила учествувала во борба против организираниот криминал во градот.

Ирачките власти, исто така, наводно затвориле канцеларија што ја користеле новинарите на РТ во Багдад и им ја одзеле опремата.

Ал-Азави е дописник на РТ во Ирак од 2008 година. Тој известувал за воените операции во Мосул, Тикрит, Фалуџа и Рамади и други операции што се случија во Ирак во текот на изминатата деценија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ