четврток, 23 април 2026

Нов жариште во Нанјинг, станува збор за најголемата зараза по Вухан

Објавено на

часот

Сподели

Според државните податоци, заразени се речиси 200 луѓе откако вирусот е детектиран на градскиот аеродром на 20 јули.

Сите летови од аеродромот Нанјинг се суспендирани до 11 август, објави Глобал тајмс.

Властите почнале со масовно тестирање по критиките за нивниот „неуспех“.

Сите 9,3 милиони жители на градот, вклучувајќи ги оние кои дошле да го посетат Нанјинг, ќе бидат тестирани, објави државната новинска агенција Синхуа.

Властите веруваат дека жариштето е поврзано со позаразниот, делта сој на коронавирусот и дека заразата се раширила по откривањето на вирусот на аеродромот.

Управата на аеродромот е укорена, а дисциплинското тело на Комунистичката партија утврдило дека постоеле „проблеми, како недостиг од надзор и непрофесионално управување“.

Тестирањата сега покажуваат дека вирусот се раширил во најмалку 13 града, вклучувајќи ги Ченгду и престолнината Пекинг.

Дел од корисниците на кинеските социјални мрежи ја проблематизираа ефикасноста на кинеските вакцини против делта сојот.

Не се знае дали заразените биле вакцинирани.

Бројни земји од југоисточна Азија кои зависат од кинеските вакцини неодамна објавија дека ќе користат вакцини од други произведувачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ