петок, 24 април 2026

Нов Зеланд се затвора на три дена: Локален случај на зараза со коронавирус по шест месеци

Објавено на

часот

Сподели

Ардерн рече дека Нов Зеланд не смее да ризикува со варијантата на делта вирусот, која е многу позаразна и што ја менува ситуацијата.

„Видовме што може да се случи ако не ја ставиме ситуацијата под контрола. Имаме само една шанса“, рече Ардерн во телевизиско обраќање.

Во Окленд, каде што е регистриран новиот случај на зараза, блокадата ќе трае една недела.

Двете мерки стапуваат на сила вечерва.

Нов Зеланд немаше ниту еден локален случај на инфекција со коронавирус шест месеци.

Досега, Нов Зеланд успешно се бори со епидемијата, забележувајќи 26 смртни случаи на пет милиони жители.

Околу 20 проценти од населението на Нов Зеланд е вакцинирано против коронавирус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ