вторник, 28 април 2026

Нов проблем за Бајден: Илјадници мигранти под мост во Тексас (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Температурите се искачуваат до 37 Целзиусови степени, а храна и вода има многу малку, па стотици мигранти биле принудени да ја преминат реката Рио Гранде и да се вратат во Мексико за да се снабдат со основни намирници, бидејќи, како што им рекоа на новинарите на Ројтерс, не ги добиваат на американска страна.

Мигрантите се претежно од Хаити, но има и од Куба, Венецуела и Никарагва.

Тешките услови на границата го одразуваат хуманитарниот предизвик со кој се соочува Бајден, додека бројот на уапсени лица на границата е најголем во последните дваесет години. Американските власти уапсиле повеќе од 195.000 мигранти на границата со Мексико во август, покажуваат владините податоци објавени во средата.

Царинската и граничната служба не одговориле на прашањето колку луѓе има во кампот во Дел Рио, а еден службеник во средата за Ројтерс изјави дека таму има околу 6.000 луѓе.

Граничната патрола рече дека го зголемува бројот на персоналот во Дел Рио за да обезбеди „безбеден и хуман третман“. За мигрантите се обезбедени вода за пиење и преносни тоалети, се додава во соопштението.

Американскиот претседател Бајден, демократ кој ја презеде функцијата во јануари, отфрли многу строги имиграциски мерки воведени од неговиот претходник, републиканецот Доналд Трамп.

Но, Бајден се најде меѓу про-мигрантските групи и некои демократи кои го критикуваат дека не прави доволно за да им помогне на мигрантите од една страна, и противниците кои велат дека неговата политика ја поттикнала илегалната имиграција, од друга страна.

Дел Рио се наоѓа во областа Вал Верде, која гласаше за Трамп на изборите во 2020 година. Некои жители на тој пограничен град велат дека сојузната влада ги напуштила кога станува збор за погранична безбедност.

И мигрантите и мексиканските власти велат дека во наредните денови може да се очекуваат многу повеќе мигранти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ