Извршната директорка на УНЕП Ингер Андерсен наведе дека „часовникот гласно отчукува“ и дека климатските промени не се иден туку сегашен проблем.
„Имаме осум години да ги преполовиме емисиите на штетни гасови – да направиме планови, да воспоставиме политики, да ги примениме и да оствариме резултати“, кажа Андерсен.
Во извештајот се оценува дека постои јаз меѓу намерите и акциите на земјите околу климатските промени.
[video:https://youtu.be/ojxrlNHP9us autoplay:0]Во извештајот се наведува дека емисијата на штетни гасови минатата година, за време на карантинот, паднала за 5,4 отсто, но дека само петтина од трошоците за економското заздравување е насочена на намалување на емисиите на јаглерод.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш оцени дека извештајот е „уште еден громогласен повик на будење“.
Тој смета дека документот го одразува неуспехот на политичките лидери, но дека тие сè уште можат да направат пресврт кон позелена иднина.






