Рано утрово, специјален оддел на италијанската полиција на Сардинија уапси пилот што „од небото испуштил“ вреќа со девет килограми кокаин, но товарот фрлен од училиштен авион „цесна“, наместо во рацете на криминалците, паднал на покривот на приватна куќа.
Грешката на професионалниот инструктор по летање, 28-годишниот Франческо Риза, ја алармирала полицијата, која успеала да го идентификува пилотот и во акција со кодно име „Летање надолу“ (Flying down) ги уапсила не само пилотот, туку и купувачите на кокаинот, чија вредност на пазарот се проценува на повеќе од девет милиони евра.






