петок, 24 април 2026

Мурал со ликот на Ратко Младиќ се појави во Белград (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Младиќ беше правосилно осуден во Хашкиот трибунал на доживотен затвор поради геноцид и злосторства против човештвото над несрпското население во војната во Босна и Херцеговина.

Жалбениот совет на Хашкиот трибунал неодамна ја потврди првостепената пресуда со која Младиќ е прогласен за виновен по десет точки на обвинението – за учество во злосторството во Сребреница, прогон, истребување, убиство, депортација на населението, присилно преместување на населението, тероризирање на населението, противправни напади врз цивили и земање заложници.

„Младиќ засекогаш српски херој“ и „Хашка неправда за Младиќ“ беа некои од насловите на српските таблоиди откако му беше потврдена пресудата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ