четврток, 23 април 2026

Мразот што во вторникот се стопи на Гренланд може да ја покрие Флорида со 5 сантиметри вода

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за трет случај на екстремно топење во изминатата деценија.

Гренланд во вторникот загуби повеќе од 8,5 милијарди тони површинска маса, а од неделата 18,4 милијарди тони, објави Данскиот метеоролошки институт.

Иако вкупната загуба на мраз оваа недела не беше екстремна како онаа во 2019 година, површината на ледената покривка што се стопи е поголема.

„Се работи за значително топење. На 27 јули, поголемиот дел од источната половина на Гренланд од северниот па се до јужниот врв воглавно се стопи, што е невообичаено“, рече Тед Скамбос, научник од Универзитет во Колорадо.

Како што климатските промени ја загреваат планетата, така и губењето на мразот се зголемува. Според неодамнешното истражување објавено во списанието Крајосфир, Земјата од средината на 1990-тите изгубила 28 трилиони тони мраз, голем дел од Арктикот.

„Во текот на изминатата деценија, видовме како топењето на мразот во Гренланд станува се посериозно. Како што атмосферата над Гренланд продолжува да се загрева, така екстремните настани како овој ќе стануваат се почести“, вели Томас Слејтер, глациолог од Универзитетот во Лидс и коавтор на извештајот за топење на мразот во Гренланд.

Иако ова топење на мразот по количина не е рекорд, обемот на овие настани е јасен сигнал дека климатските промени предизвикуваат значително повеќе вакви настани.

„Се на се, гледаме дека Гренланд се топи почесто. Во претходните децении или векови, беше исклучително ретко да се дојде до температури над замрзнување на врвот на Гренланд“, вели Скамбос.

Во 2019 година, околу 532 милијарди тони мраз се стопија на Гренланд. Во текот на таа година, неочекувано жешката пролет и јулскиот топлотен бран предизвикаа речиси целата површина на ледената покривка да се стопи. Глобалното ниво на морето трајно се зголеми за 1,5 милиметар.

Додека површината на Гренланд продолжува да се одмрзнува, Слејтер рече дека крајбрежните градови низ целиот свет се подложни на поплави, особено кога екстремните временски услови се поклопуваат со плима.

Се очекува топењето на мразот на Гренланд до крајот на векот да го зголеми глобалното ниво на морето помеѓу 2 и 10 сантиметри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ