„Денес амбициите за играње на самостојна воено-политичка улога и станувањето помалку зависни од Соединетите Американски Држави не наоѓаат практична примена“, истакна рускиот дипломат.
Според него, руските предлози за гаранции за безбедност се составени на начин за сè да биде јасно, а клучен елемент во тоа прашање е стратегискиот дијалог со САД.
Грушко додаде дека ширењето на НАТО со политиката на „отворена врата“ ја зголемува ранливоста на Алијансата.
Претходно портпаролот на надворешнополитичката служба на Европската Унија Петер Стано изјави дека ЕУ, како одговор на предлозите на Русија за безбедносни гаранции, предлага да се разговара за европската безбедност во веќе постоечките формати, вклучувајќи го Советот Русија-НАТО и ОБСЕ.
Руското министерство за надворешни работи го објави во петокот документот кој Москва го испратила до НАТО и САД за прашањето за безбедносните гаранции за кои неодамна зборуваше рускиот претседател Владимир Путин, а кои главно се однесуваат на прекин на ширењето на западниот воен пакт кон границите на Русија.






