среда, 6 мај 2026

Москва: Ако САД донесат резолуција за руските претседателски избори, сите односи ќе бидат прекинати

Објавено на

часот

Сподели

Ова го изјави заменикот шеф на комитетот за меѓународни прашања на Советот на федерацијата на Русија Владимир Џабаров. „Сигурен сум дека тој документ нема да помине. Меѓутоа, доколку такво нешто се случи, тоа ќе доведе до прекин на односите на Русија и САД“, кажа тој.

Тој оцени и дека тој документ претставува кулминација на цинизмот кој нема врска со здравиот разум.

Се огласи и заменик претседател на Горниот дом на рускиот парламент Константин Косачев кој кажа дека усвојувањето таков документ би претставувало директно мешање во внатрешните прашања на Руската Федерација.

„Прерано почнаа да се мешаат во нашите прашања бидејќи изборите се дури во 2024 година. Меѓутоа, ова не е ништо ново и неочекувано. Мешање во внатрешните прашања во најчиста форма“, напиша тој на Фејсбук.

Американските конгресмени Стив Коен и Џо Вилсон поднесоа во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес предлог рускиот претседател Владимир Путин да не се признае за лидер на државата доколку реши да се кандидира за нов мандат во 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ