понеделник, 4 мај 2026

Мистериозниот талибански лидер за прв пат присуствуваше на јавен собир

Објавено на

часот

Сподели

„Командантот на верниците, шеикот Хибатулах Акунџада, се појави на голем собир во познатата медреса Хакими и десет минути им зборуваше на храбрите војници и ученици“, се вели во пораката на талибанската влада, со објава на аудиоснимка.

На аудиоснимката многу нејасно се слуша како тој рецитира молитви и благослови на вчерашниот собир.

Според локален извор, мула Хибатулах Акунџада дошол во верско училиште во Кандахар во конвој од две возила под високо обезбедување и не било дозволено фотографирање.

Откако долго време се чуваше во тајност каде се наоѓа, талибанците во септември објавија дека Хибатулах Акунџада „од самиот почеток“ живее во Кандахар и дека „наскоро ќе се појави во јавноста“.

Сè додека не го наследи Мансур, кој беше убиен во напад со американско беспилотно летало во Пакистан во 2016 година, Акунџада беше релативно непознат, повеќе вклучен во судски и верски прашања отколку во воени маневри.

Веднаш штом дојде на власт брзо ја доби довербата на Египќанецот Ајман ал Завахири, лидерот на Ал каеда, кој го опиша како „емир на верниците“.

Како „врховен лидер“, Акунџада е одговорен за одржување на единството во рамките на исламистичкото движење, сложена мисија бидејќи внатрешните борби што го мачат џихадистичкото движење продолжуваат со години откако талибанците се вратија на власт во Авганистан во средината на август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ