Тоа е 3,7 милиони повеќе деца што ги пропуштиле редовните вакцинации отколку во 2019 година, посочуваат СЗО и УНИЦЕФ. Податоците покажуваат дека опаѓањето на бројот на вакцинираните деца е присутно во повеќето земји во светот.
До 17 милиони деца не примиле никаква вакцина против детски болести, а повеќето од нив се деца што живеат во области погодени од конфликти и сиромашни населби и оддалечени области, каде што пристапот до основната здравствена заштита веќе е строго ограничен. Родителите често наидувале на затворени амбуланти или не ги носеле своите деца на вакцинација поради страв од зараза.
Вакцинацијата на децата особено е одложена или отежната во земјите од Југоисточна Азија и источен Медитеран. И додека земјите се борат да ја добијат вакцината против коронавирусот, состојбата е уште полоша со другите вакцини и децата се изложени на ризик од заразување со болести што може да се спречат, како што се детска парализа, сипаници или менингитис, предупреди директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.






