Милановиќ вчера во Приштина, по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи, изјави дека не ги разбира членките на ЕУ кои не го признале Косово и дека лично ќе се заложи тоа да се исправи.
Тој кажа дека луѓето се многу малку информирани за Косово.
„Мене лично Косово ми е драга држава. Косово има пријателска држава бидејќи има жива демократија. Косово е земја која многу брзо во политички поглед ќе може да се придружи на меѓународните организации. Изненадувачки е колку малку се знае за Косово дури и во земјите на ЕУ“, кажа Милановиќ.
Денес Милановиќ ќе ги посети припадниците на хрватската војска во Приштина и во Пеќ, кои се наоѓаат на Косово во рамки на мисијата КФОР.






