четврток, 7 мај 2026

Милановиќ ја откажа посетата на БиХ поради загрозена безбедност

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката за откажување на посетата се темели на безбедносната проценка на надлежните институции на Хрватска.

„Претседателот Милановиќ изразува жалење што нема да учествува на Лашванске долине, настан важен за Хрватите, а на организаторите им испраќа силна поддршка и благодарност што го чуваат“, се наведува во соопштението.

Беше планирано Милановиќ да присуствува на одбележувањето на 28-годишнината на хуманитарниот конвој „Бел пат за Нова Била и Босна Сребрена“.

Милановиќ неодамна, зборувајќи за злосторствата во регионот, кажа дека во Сребреница се случил геноцид, но дека сега за потешките злосторства треба да се смисли нов назив.

„Јас велам дека е геноцид, но тогаш за некои потешки злосторства мораме да измислиме ново име. Ја почитувам туѓата жртва, но не е сè исто. Ако сè биде геноцид, тогаш мораме да смислиме друго име за она што нацистите им го направиле на Евреите во Втората светска војна. Не е секоја жртва, тоа е релативизирање“, кажа тој и истакна дека за жртвите е важна правдата.

Само неколку дена претходно, Милановиќ го истакна тврдењето дека постојат „различни видови геноцид“.

„Тоа е мојот став генерално, меѓутоа постојат геноциди и геноциди. Постои геноцидот над Евреите, постои геноцидот во Руанда, постои геноцидот во Сребреница, еден настан е дефиниран како геноцид, а геноцидот има широк опсег“, порача тој, поради што одредени политичари во БиХ поднесоа тужба во обвинителството на БиХ поради намалување на злосторството на геноцидот во Сребреница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ