„Разговарав со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган кој ѝ се заблагодари на Хрватска на помошта, односно испраќањето на канадерот на хрватското воено воздухопловство со два екипажи кој помага во гасењето на големите пожари во Турција. Во разговорот му изразив сочувство нему и на целиот турски народ поради страдањата на луѓето во пожарите“, напиша Милановиќ синоќа на Фејсбук.
Додаде дека испраќањето на противпожарниот авион во Турција е израз на пријателските и партнерските односи на двете држави и дека тоа е одлука на државниот врв која заедно ја донеле владата и тој како врховен командант на оружените сили.
„Претседателот Ердоган го поканив официјално да ја посети Хрватска за да продолжиме да ги градиме и развиваме пријателските односи на нашите држави“, додаде Милановиќ.
Во пожарите кои со денови ја пустошат Турција, најлоши во земјата во последната деценија, загинаа осум лица.






