четврток, 23 април 2026

Мицотакис: Во Грција е најсилниот топлински бран од 1987 година

Објавено на

часот

Сподели

Топлотниот бран почна во четвртокот, а врвот се очекува денес и утре, според метеоролозите.

Сличен топлотен бран се случи во јули 1987 година. Тогаш најмногу ја погоди Атина и од тој топлотен бран починаа над 1.000 луѓе главно поради недостиг на клима-уреди и загадувањето на воздухот.

„Се соочуваме со најлошиот топлотен бран од 1987 година“ кој предизвика оптоварување на електричната мрежа, кажа Мицотакис. Грчкиот премиер кажа дека властите прават сè што е во нивна моќ и ги повика граѓаните да ја „ограничат потрошувачката на струја“.

Метеоролозите за денес и утре прогнозираат температура од 40 до 42 степени на островите, а од 41 до 43 Целзиусови степени на копното. На Пелопонез и Тесалија на северот на Грција ќе биде од 44 до 45 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ