среда, 6 мај 2026

Меркел: Ситуацијата со коронавирусот во Германија е драматична

Објавено на

часот

Сподели

„Актуелната пандемиска ситуација во Германија е драматична. Четвртиот бран нашата земја ја погодува со полна сила“, кажа претседателката на техничката влада Ангела Меркел обраќајќи се преку видеолинк до учесниците на конференцијата Сојуз на германски градови.

Таа предупреди и на тоа дека уште сега во деловите од земјата со голема стапка на зараза не може да им се гарантира на сите заболени највисок степен на медицинска помош поради пренатрупаноста на интензивните оддели на болниците.

Канцеларката ги повика учесниците на средбата на претставници на сојузните и покраинските власти, која ќе се одржи утре, да донесат конкретни резултати за земјата порешително да му се спротивстави на пандемискиот бран. Истовремено го критикуваше одолговлекувањето на одлуката за одржување на состанокот.

„На вирусот му е сеедно дали се наоѓа Германија во фаза на менување на власта или не“, кажа Меркел алудирајќи на одлуката на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која го спроведува процесот на формирање на коалициска влада со зелените и либералите, и која долго време сметаше дека не треба да се одржува оваа средба, која беше пракса за време на пандемијата.

Меркел, која ја врши функцијата канцеларка до инаугурацијата на новата влада, од утрешната средба очекува воведува индекс на оптовареност на болниците како нов индикатор за воведување мерки. Таа апелираше до новото мнозинство во Бундестагот да не ја укинува епидемиолошката вонредна состојба, мерка воведена на почетокот на годината која им овозможува на сојузните власти воведување антипандемиски мерки кои важат во сите сојузни покраини.

Новата веројатна идна влада на СПД, зелените и либералите следната недела, според најавите, планира да ја укине оваа состојба и како замена да воведе промена на законот за борба против заразите која би овозможила воведување поблаги мерки.

Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох денес бележи нови рекордни вредности со 52.826 новозаразени. Тоа, според Институтот, е 13.150 случаи повеќе отколку минатата недела.

Починаа уште 294 лица и вкупниот број на смртни случаи од последици на заразата се зголеми на 98.274.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ