67-годишната Меркел се повлекува од политичкиот живот по парламентарните избори во септември.
Пензијата е пресметана врз основа на платите што ги земала како пратеничка во сојузниот парламент, сојузна министерка и канцеларка.
Како и сите поранешни канцелари и претседатели на државата, Меркел ќе има право и на службен кабинет.
Државата ќе ѝ плаќа и секретар на кабинетот, двајца асистенти, дактилограф и возач.
Ангела Меркел е непрекинато канцеларка на Германија од 2005 година, а во 2018 се повлече од лидерската позиција на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и објави дека нема да се кандидира за петти канцеларски мандат.
Во јули изјави дека по заминувањето од должноста планира добро да се одмори и да размисли што всушност ја интересира.
За тоа немала време во 16-те години на функцијата канцеларка, кажа таа.
„И тогаш можеби ќе се обидам нешто да читам, па очите ќе ми се затвораат бидејќи сум уморна па ќе отспијам малку и потоа ќе видам“, кажа Меркел.
Додаде дека нема да ѝ недостига времето во кое постојано носела одлуки, иако таа навика веројатно ќе значи дека во главата постојано ќе ѝ се вртат мисли што сè треба да се направи.
„А потоа многу брзо ќе се сетам дека тоа сега го прави некој друг. И мислам дека ќе ми биде многу мило“, кажа германската канцеларка.






