Во обраќањето до јавноста Вучиќ вчера истакна дека за Србија е „голема чест“ што Меркел ќе ја посети на крајот на својот канцеларски мандат.
Меркел, како што најави, во Белград ќе има средби со политичкиот врв на Србија, и во регионот ќе има средби со организациите од граѓанското општество, а за време на посетата на Тирана ќе има средба „со сите од регионот“, кажа Вучиќ.
Тој истакна дека Германија е „уверливо најголемиот економски партнер на Србија“ и дека во германските компании ангажирани во Србија во моментов работат 71.000 луѓе, и дека во последната деценија е забележан раст на стоковата размена меѓу двете држави од 250 отсто.
„Тоа зборува со која брзина напредувала нашата економија“, кажа Вучиќ.
Со доаѓањето на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, Вучиќ најави почнување на работата на првата делница на автопатот од Ниш кон Приштина која ќе чини 244 милиони евра, во која „15 отсто од парите се подарени“ од Европската Унија.
Српскиот претседател во агендата на меѓународните односи за време на септември го истакна и заминувањето во посета на Турција и средбата со Реџеп Таип Ердоган и средба со лидерите на Вишеградската група во Будимпешта.
По Будимпешта следи посета на американски и француски сенатори и заминувањето во Белград на европскиот посредник за дијалогот со Приштина Мирослав Лајчак, најави Вучиќ, истакнувајќи ја важноста на надворешнополитичката и економската агенда на Србија во септември.






