Адвокатите на Макрон во тужбата наведуваат дека билбордите на Мишел Анж Флори претставуваат јавна навреда, а Флори потврди дека полицијата го контактирала постапувајќи по тужба.
Случајот, пренесува Ројтерс, се претвори во тест во кој Франција повлекува граница меѓу слободата на изразувањето и навредувањето.
Флори ги поставил билбордите на Макрон како Хитлер како одговор на законот кој парламентот го усвои овој месец и кој им забранува на луѓето пристап до некои јавни места, освен ако не се целосно вакцинирани против ковид-19 или ако покажат негативен тест.
Противниците на Макрон тврдат дека новиот закон ги гази граѓанските слободи и го обвинуваат претседателот дека се однесува како диктатор. Владата, од друга страна, тврди дека треба да се поттикне поголема стапка на вакцинација.
? | NEW: Emmanuel Macron is taking legal action against a wealthy billboard operator who displayed posters depicting him as Adolf Hitler.
Via @guardian pic.twitter.com/45n3CqweqT
— Politics For All (@PoliticsForAlI) July 29, 2021
Флори, чии билборди се поставени на југот на Франција, кажа дека консензусот во неговата земја е на страна на Шарли ебдо.
„Но кога станува збор за исмевање на претседателот претставувајќи го како диктатор, тогаш тоа станува ерес, тогаш тоа е неприфатливо“, кажа Флори за Ројтерс.
Жан Еноки, адвокат на Макрон, кажа дека тужбата е поднесена „поради навредливата природа на споредбата на претседателот на Републиката со Адолф Хитлер“.
Претставник на партијата на Макрон кажа дека е поднесена посебна тужба за навреда и предизвикување омраза.
„Ова воопшто не го очекував. Дека претседателот ќе поднесе тужба против француски државјанин. Правам карикатури. На луѓето тоа може и не мора да им се допаѓа, но сеедно е, карикатурата ќе остане карикатура“, кажа Флори.






