Гравираните ликови во природна голема носат тренерки и маици од скапи марки, кожни јакни и одела, златни ланци, тетоважи, клучеви од скапи автомобили во рацете и цигари во уста…
На прашањето зошто на тој начин преполн со ризици ги минуваат своите денови, мафијашите главно одговараат дека тоа што тие го живеат во еден ден, просечен човек не го доживува за цел живот.
Некоја чудна филозофија се вдомила во нивната потсвест како онаа кај старите Египќани – „Сето богатство на овој свет не вреди ништо кога не можеш да го понесеш со себе во гробот“.
Руските мафијаши го сфатиле тоа како предизвик. На тоа упатува посебен дел од гробиштата во Екатерининбург, каде се погребени (анти)хероите на руското подземје во 1990-тите.
Турбулентните деведесетти го донесоа распадот на Советскиот Сојуз и комунизмот. За жал, овој период беше обележан со организиран криминал и мафијашки пресметки.
Една од главните мафијашки сцени беше градот Екатерининбург во кој голем дел од работите ги контролираше мафијата. Освен „претприемаштвото“, се занимаваа со рекет, внатрешни пресметки и отстранување на конкуренцијата.
Како заврши сето тоа?
Тие што преживеаја ги легализираа своите бизниси, а оние што не – се погрижија да бидат запаметени.
Во тишината на гробиштата, семејствата и пријателите на убиените мафијаши се погрижиле необичните скулптури да сведочат за времето полно со богатство и насилство.
[video:https://youtu.be/QT4M0xcDgCs autoplay:0]





