„Веројатно слушате дека постојано има закани од дивите политичари и лидери на Полска: ќе ја затвориме границата, ќе ја затвориме Кузница, железничкиот граничен премин. Околу тоа можам само да кажа: Повелете, затворете ја. Ако вие е позгодно, затворете. Но прво треба да размислат како ќе комуницираат со Русија и Кина, воопшто со Истокот“, кажа белорускиот лидер.
„Ќе одат преку Донбас“, кажа Лукашенко. Белорускиот лидер претходно истакна дека неговата држава не сака конфликти на границата, порачувајќи дека Минск никого специјално не го префрла преку граница.
Според Лукашенко, потребно е да му се објасни на секој Полјак дека Белорусите не се варвари.
„Знаеме, ако отидеме предалеку со заканите – војна е неизбежна. Тоа ќе биде катастрофа“, порача претседателот.
На границата на Белорусија и Полска сè уште трае кризата со емигрантите од Блискиот Исток кои Полјаците не сакаат да ги пуштат во ЕУ.






