Тој додаде и дека Белорусија, покрај тоа, веќе произведува вакцини користејќи руска технологија и дека во иднина ќе се појави и белоруски лек против коронавирусот.
Во Белорусија се користат кинеската вакцина Синофарм како и руските Спутник V и Спутник лајт.
Како што претходно беше најавено, белоруските експерти до крајот на годината ќе примат пробни дози од вакцината која е развиена во таа земја, а следната година и првите комерцијални дози.
Според податоците на министерството за здравје, прва доза вакцина досега примиле 2,7 милиони Белоруси, а целосно се имунизирани над 2 милиони од вкупно 9,35 милиони жители.






