вторник, 5 мај 2026

Лукашенко: Ќе го секнеме гасот во случај на санкции, празноглавите нека размислат пред да отворат уста

Објавено на

часот

Сподели

„Ја снабдуваме Европа со греење, а тие се закануваат со затворање на границата. А што ако ние тука го секнеме природниот гас? Затоа би им препорачал на лидерите на Полска, Литванија и другите празноглави поединци да размислат пред да прозборат“, рече Лукашенко на владината седница, пренесе ТАСС.

ЕУ и НАТО го обвинуваат Лукашенко дека ги користи мигрантите како оружје за притисок врз Западот, испраќајќи ги луѓето што бегаат од Блискиот Исток во Минск, а потоа до границите на Полска и балтичките земји.

Брисел најави санкции против Белорусија поради ситуацијата со мигрантите на полско-белоруската граница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ