Работите на одржувањето, според најавите, ќе траат три дена.
„Дружба“ почнува во руски Татарстан и ја пренесува нафтата од западен Сибир, Урал и Каспиското Море кон белорускиот град Мозир каде се дели на северен и јужен крак.
Северниот крак минува низ остатокот на Белорусија, потоа Полска и Шведска до Германија. Јужниот крак минува јужно низ Украина, а поврзан е со нафтоводот Одеса-Броди. Во Ужгород, гасоводот се дели на линии до Словачка и до Унгарија. Линијата низ Словачка повторно се дели кај Братислава: еден крак води кон северозапад во Чешка, а другиот на југ кон Унгарија.
Рускиот енергетски извозен гигант Трансњефт наведе во соопштение дека „снабдувањето би можело да се соочи со краткорочни прекини“.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко претходно ѝ се закани на Европа со укинување на протокот на гас, поради мигрантската криза на границата со Полска, за која ја обвини ЕУ.
„Ние ја снабдуваме Европа со греење, а тие се закануваат дека ќе ја затворат границата. А што ако ние тука го прекинеме природниот гас? Затоа би им препорачал на лидерите на Полска, Литванија и другите празноглави поединци да размислат пред да прозборат“, кажа Лукашенко.
ЕУ и НАТО го обвинуваат Лукашенко дека ги користи мигрантите како оружје за притисок врз Западот со тоа што испраќа луѓе кои бегаат од Блискиот Исток во Минск, а потоа на границите на Полска и балтичките држави. Брисел поради ситуацијата со мигрантите најави нови санкции против Белорусија.






