четврток, 23 април 2026

Лососи умираат во прегреаните реки во Америка (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На снимката која во вторникот ја објави непрофитната организација Колумбија риверкипер се гледа како група лососи пливаат во притока на реката. Телата им се прекриени со повреди кои настанале како последица на стресот и прегревањето.

[video:https://youtu.be/ctGzlBiqMNY autoplay:0]

Снимката е направена кога температурата на водата надминала 21 Целзиусов степен, што е смртоносна температура за лососите, особено ако се изложени на неа подолг период, пренесува Гардијан.

Брет Ванден Хевел, извршниот директор на организацијата Колумбија риверкипер, кажа дека оваа ситуација може да се спореди со човек кој се обидува да трча маратон на температури повисоки од 38 Целзиусови степени.

Лососите кои се гледаат на снимката повеќе нема да може да се мрестат и веројатно ќе угинат од болести и топлотен стрес. Ванден Хевел вели дека ситуацијата со топлотниот бран ја влошиле бројните брани кои со децении ги задржуваат водените токови и со тоа ја зголемуваат температурата на водата. Климатските промени и неодамнешниот смртоносен топлотен бран едноставно ја доведле ситуацијата до крајни граници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ