среда, 6 мај 2026

Лондон вети: „Рамо до рамо“ против Русија и Белорусија

Објавено на

часот

Сподели

Тој вети дека Лондон ќе „застане рамо до рамо“ со Варшава и Киев против Москва и Минск, пишува „Дејли мејл“.

„Она што се случува на границата со Белорусија е осмислен обид да се дестабилизира не само Полска, туку и соседните земји… Најдобар одговор на овие акции е да се застане рамо до рамо – не само како соседни земји, туку и како пријатели и партнери за јасно да ставиме до знаење дека тоа нема да го дозволиме“, рече британскиот министер.

За време на посетата на воената база во североисточна Полска, каде што е распоредена борбена група на НАТО, Валас укажа и на блиските врски на Велика Британија со Источна Европа.

„Во период од 200 години, односите меѓу Полска и Велика Британија изгледаат како долга и силна брачна заедница. Затоа ми е толку лесно да ѝ ветам на Полска меѓусебна поддршка на границата со Белорусија“, нагласи Валас.

Претходно премиерот на Полска Матеуш Блашчак изјави дека „Белорусија ги користи мигрантите како оружје, а Полска на својата граница ја штити цела Европа од бран бегалци“.

Тој, исто така, предупреди дека ако не успеат да спречат „илјадници“ мигранти сега, наскоро на Европа ќе навалат стотици илјади, па дури и милиони бегалци.

Блашчак најави и дека Велика Британија ќе испрати чета воени инженери на границата меѓу Полска и Белорусија.

Поради неколку илјади мигранти кои се наоѓаат на белоруско-полската граница, Полска ја зголеми безбедноста во тој регион, ја групираше армијата и ги спречи илегалните мигранти да влезат на територијата на земјата.

На 16 ноември мигранти на белоруско-полската граница се обидоа да ја пробијат оградата, на што полицијата употреби водени топови, димни бомби и солзавец. Мигрантите одговорија со фрлање камења.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ