среда, 6 мај 2026

Летонија сака американски војници да ја чуваат од Русија

Објавено на

часот

Сподели

Пабрикс даде изјава за Ројтерс пред доаѓањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој присуствува на средба на НАТО во Рига.

„Потребна ни е дополнителна меѓународна помош. Би сакале да имаме трајно воено присуство на САД во нашата земја. Јакнењето на одбранбените капацитети од море и од воздух би значело дека имаме потреба од систем како „патриот““, кажа летонскиот министер.

Трупите на НАТО ги вежбаат своите вештини во летонските шуми, со камуфлирани тенкови. Целта на вежбата е да сопрат напад врз Рига со попречување неидентификуван противник, северно од престолнината.

НАТО има четири мултинационални групи војници распоредени на истокот на Европа, со цел да ги бранат Полска, Литванија, Летонија и Естонија. Москва, меѓутоа, порачува дека нема никаква намера да ги напаѓа балтичките земји или Полска и го обвинува НАТО дека ја дестабилизира Европа со поместувањето на своите трупи поблиску до руските граници.

Балтичките земји се, според НАТО, најранливи бидејќи, за разлика од другите членки на воениот пакт, делат граница само со Полска, и тоа околу 60 километри – преминот Сувалки. Воените експерти на кои се повикува Ројтерс велат дека Русија преку Белорусија би можела да го заземе тој премин и со тоа да добие копнен коридор кон „тешко утврдената ексклава“ на Балтичкото Море – Калининград.

Американските трупи стационирани во Германија во случај на напад не би можеле доволно брзо да стигнат до Балтикот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ