среда, 6 мај 2026

Лекот со антитела на Астразенека нуди 83% заштита во текот на шест месеци

Објавено на

часот

Сподели

За инјектираната терапија, наречена АЗД7442 или Евушелд, во август беше докажано дека по три месеци дава 77% заштита од симптоматска болест.

Англиско-шведската компанија исто така соопшти дека посебна студија кај пациенти со благ до умерен ковид-19 покажала дека повисоката доза на АЗД7442 го намалува ризикот од влошување на симптомите за 88% кога се дава во рок од три дена од првите симптоми.

Најновите резултати од долгорочното следење потенцијално ја позиционираат Астразенека, како и ривалот Фајзер, како иден добавувач на вакцини и третмани за ковид-19, при што Астразенека рече дека „вистинската предност“ на терапијата е како превентивна мерка.

„Овие нови податоци се додаток на зголемениот број докази што го поткрепуваат потенцијалот на АЗД7442 да направи значителна разлика во превенцијата и третманот на ковид-19“, рече извршниот потпретседател Мене Пангалос во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ